Позициите ги одбранивме, непријателот е уништен: Потресна снимка на ерменски војник и негов командант го расплака светот

Точка

30/09/2020

13:10

12.301

Големина на фонт

а а а

Судирите во Нагорно-Карабах не престануваат, а пресметките помеѓу малата Ерменија и богатиот Азербејџан од ден во ден стануваат сè побрутални.

На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат снимки кои доловуваат барем дел од тоа што се случува на Кавказот.

Веќе четири дена во самопрогласената република Нагорно-Карабах која е населена со ерменско население, но е под контрола на Азербејџан, се водат жестоки битки, а на најновата снимка може да се види како ерменски војник му рапортира на својот командант.

Командата е извршена. Позициите ги одбранивме. Непријателот е уништен“, изговара војникот и се тресе, а во следниот момент командантот го прегрнува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг