Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: Ќе произведуваме вакцини со невидена брзина!

Точка

30/09/2020

11:00

2.117

Големина на фонт

а а а

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании со цел да соработуваат за производство на вакцина против коронавирусот, да го забрзаат процесот и да обезбедат што поскоро да започне дистрибуцијата низ целиот свет.

„Фармацевтските компании се согласија да ги прошират капацитетите за производство на лекови. На пример, лекот „ремдесивир“ беше направен од компанијата „Гилид“, а сега дополнителни количини ќе се произведуваат во фабриките на компанијата „Фајзер“. Ниту една фабрика никогаш немаше дозволено своите фабрики конкуренцијата да ги користи на овој начин, а сега гледаме слична соработка и кога станува збор за вакцините“, изјави Бил Гејтс.

„Меѓу другото, компаниите се согласија да соработуваат на производството на вакцини и да го зголемат производтвото со невидена брзина, обезбедувајќи одобрените вакцини да бидат дистрибуирани што е можно поскоро“, додаде основачот на „Мајкрософт“.


Според зборовите на Гејтс, моментално најголемиот дел од светската залиха на вакцини против коронавирусот е предвидена за испраќање во богатите земји.

„Овие држави склучуваат договори со фармацевтските компании, обезбедувајќи го правото да купат вакцини веднаш откако ќе бидат произведени. Но, што е со земјите од светот со ниски и ниско средни приходи, земји од Јужен Судан, преку Никарагва до Мјанмар? Како што стојат работите, овие земји ќе можат да покријат најмногу 14% од своето население“, предупреди Гејтс.


Сепак, според Гејтс, за тоа не треба да се критикуваат богатите земји, туку треба да се работи на зголемување на капацитетите.

„Тие прават нешто што е сосема разбирливо - се обидуваат да го заштитат својот народ. Наместо тоа, мораме значително да ги зголемиме светските капацитети за производство на вакцина“, порача Бил Гејтс.