ЕУ со предупредување до Турција: Сите опции се на маса

Макфакс

30/09/2020

09:25

1.418

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предурпеди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ, ако Турција не биде конструктивна околу Средоземното море.

Грција, која е членка на ЕУ и Турција, која е грчки партнер во НАТО, моментално се во спор околу разграничување на зоните на експлоатација на гас во источниот дел на Средоземното море. За тоа прашање ќе се расправа на самитот на ЕУ уре и задутре во Брисел.

Мишел, на повикот за самит наведе дека утре вечерата на лидерите на ЕУ, ќе биде посветена исклучиво на ситуацијата во источниот Медитеран и односите со Турција.

„ Нашата цел е создавање на простор за конструктивен дијалог со Турција за да се постигне стабилност и безбедност во целиот регион и загарантирано целосно почитување на суверенитетот и суверените права на сите земји членки на ЕУ“ наведува Мишел во писмото.

Тој додава дека тоа е можно единствено ако Турција биде контруктивна.

„ Сите опции остануваат на маса за одбрана на легитимните интереси на ЕУ и нејзините членки“ вели Мишел.

На самитот на ЕУ, покрај источен Медитеран, ќе се зборува и за ситуацијата во Белорусија, труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и состојбата во областа Нагорно-Карабах, каде се судрија азербејџанските и ерменските сили за безбедност.