Артета со забелешка за својата ѕвезда: Не може да промашувате таква шанса на „Енфилд“

Дерби

29/09/2020

09:53

1.964

Големина на фонт

а а а

Микел Артета беше задоволен од напредокот кој го направи Арсенал во второто полувреме на „Енфилд Роуд“, но никако не може да биде среќен од големата шанса која ја пропушти неговиот тим во овој дел од играта.

Александре Лаказет излезе очи в очи со Алисон при резултат 2:1 и можеше да му донесе израмнување на Арсенал, но Французинот го загуби директниот дуел со голманот на Ливерпул, а потоа домаќините пред крајот постигнаа трет гол со кој го решија прашањето околу победникот.

Самиот Лаказет не го криеше разочарувањето откако беше повлечен од игра, но Артета по дербито сепак реши да му нагласи дека на вакви големи натпревари, такви шанси за пресудни и круцијални за конечниот исход.

– Во второто полувреме коригиравме неколку работи во играта и бевме далеку подобри од првиот дел. И натаму имавме одредени проблеми со топката во нозе, но ја имавме најдобрата шанса во вториот дел. Кога доаѓате на „Енфилд“, не може да очекувате дека ќе имате десет шанси за гол.

– Кога ќе добите таква шанса, кога ќе излете очи в очи со противничкиот голман, мора да постигнете гол ако сакате да извлечете нешто на ова гостување. Ние не го направивме тоа, – порача Артета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг