Денеска пресуда за поранешниот министер Миле Јанакиески

Точка

29/09/2020

09:50

1.621

Големина на фонт

а а а

Денес напладне во Кривичниот суд во Скопје ќе биде изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“ во која обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

По речиси четири години, судскиот процес за случајот „Насилство во Центар“ денес ќе добие разрешница - судијата Душан Јосифов во Основниот кривичен суд ќе му ја изрече казната на екс министерот Јанакиевски кој вчера побара ослободителна пресуда.

„Нема докази дека јас ги координирам луѓето пред општината. Не знам како тоа сум го правел, со волшебно стапче или холограм“, изјави Јанакиевски во завршните зборови вчера и порача дека обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела.

„Ниту сум давал насоки, ниту пак сум поттикнувал“, порача обвинетиот Миле Јанакиески.

Од друга страна, обвинителката Фатиме Фетаи побара максимални казни за организаторите на насилните протести, Миле Јанакиески и поранешниот премиер, Никола Груевски.

Во случајот има уште петмина обвинети кои учествувале на протестите. За четворица од нив се бараат затворски, а за еден условна казна.