Макрон се заканува, но сака и соработка: Русија да го објасни случајот на Навални или да сноси последици

Точка

28/09/2020

21:03

1.780

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска изјавил дека Русија би требало да даде објаснување за случајот со наводното труење на опозициониот лицер, Алексеј Навални или да сноси меѓународни последици, не прецизирајќи кои точно, пренесува „Ројтерс“.

„Ова очигледно е обид за убиство на руски опозициски лидер на руска територија, со хемиски агенс со кој се манипулира во Русија. Поради тоа Русија должи објаснување“, рекол Макрон на прес-конференцијата во Вилњус.


Францускиот претседател додал дека меѓународната заедница ќе мора да донесе одлука за последиците врз основа на тоа дали Русија ќе обезбеди информации до Организацијата за забрането хемиско оружје.

Макрон исто така посочил дека Европа мора да соработува со Русија во градењето мир на континентот, објави „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг