Северина објави видео со синот со болна порака: „Денеска е денот кога срцето застанува...“

Точка

28/09/2020

18:21

2.881

Големина на фонт

а а а

Откако на сопругот Игор јавно не му честитала годишнина од брак, Северина на Инстаграм одбележала, за неа, тежок ден.

Покрај снимката на која се гледа како Александар ја прегрнува на брод, додека во позадина свири „My Heart Will Go On“, објавила емотивна порака во која навела дека поминале цели 10 месеци од судските мерки со кои зедничкиот син му е доделен на Милан Поповиќ, а Северина го гледа во кратки интервали.

„Ништо не боли повеќе од страдање по детето. Така сакала природата. И нѝ дала сила, да се бориме, да издржиме. И ќе се борам. Во таа агонија она што најмногу пече е неправдата, бидејќи неа како никој да не ја гледа и слуша. Верувајте ми, понекогаш дури и на најсилното срце му е тешко да продолжи да чука. И секое отчукување остава една рана. И така 10 месеци. Денеска е денот кога срцето застанува. Поминаа цели 10 месеци од 'привремената мерка' со која ми беше одземено детето. Оваа 'привремена мерка' утврди дека моето дете ќе спие кај мене двапати месечно. Да го гледам 10 часа во работна недела и секој втор викенд. И така 10 месеци. 'Привремено'. Се чувствувате како вашиот врисок никој да не го слуша. Или не сака да го слушне. Но, утре е нов ден...“, напишала Северина. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг