Имаат план за развој на туризмот - потребни се само 4.400 инфлуенсери

Точка

28/09/2020

16:54

2.112

Големина на фонт

а а а

Од октомври до ноември, на индонезискиот остров Бали треба да допатуваат 4.400 инфлуенсери, со цел да заживее туризмот во ова место - и тоа на трошок на индонезиските власти.

Инфлуенсерите ќе имаат можност да уживаат во сите убавини на островот, а се што се очекува од нив е да ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи во рамки на кампањата „Го сакаме Бали“. 


Индонезија и Бали зависат од туризмот во голема мера. На самиот остров, повеќе од 75.000 луѓе се отпуштени или на неплатено отсуство. Почнувајќи од јули, на Бали е овозможено движењето на локалните туристи.

Засега се уште нема најави кога би можел да се обнови меѓународниот туризам. Првично се зборуваше дека тоа би можело да се случи кон почетокот на септември, но таа одлука беше одложена поради порастот на бројот на заболени од Ковид-19.


До 23 септември, на островот се регистрирани повеќе од 8.100 заболени од коронавирус, а починале 236 лица. Во Индонезија која брои 267 милиони жители, бројот на нови случаи во средата изнесувал 4.465, со што бројката на заразени се искачи на 257.388.



Спонзорирани линкови

Маркетинг