Црно, црно, црно... Меланија Трамп во суперефикасна комбинација во каква што ретко ја гледамe

Точка

28/09/2020

13:25

2.523

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп се откажа од своите вообичаени разнобојни, бели или пак беж изданија на облека, па се појавила облечена целосно во црна боја.

Првата дама на Америка во друштво на својот сопруг Доналд Трамп, присуствувала на номинирањето на Ејми Кони Барет, за судија во Врховниот суд, во градината „Rose Garden“, во Белата куќа.


А, поради тоа што Рут Бајдер Гинсбург неодамна почина, најверојатно Меланија одлучила да носи облека во црна боја, како знак на почит.

Првата дама облекла едноставно црно здолниште, со должина до под колената, а сето тоа го искомбинирала со црна јакна, црн тенок ремен кој што ја истакнувал нејзината половина.


Голите нозе и црните потпетици, косата во брановидна фризура, само допринеле во ефектот на впечатокот кој што го оставила кај присутните - сите биле воодушевени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг