Рома два пати имаше предност против Јувентус, имаше и играч повеќе во една третина од средбата, но на крајот мора да се задоволи само со бод од дербито во Рим (2:2).
Првата голема шанса не ја реализираше Мхитаријан, но во 30. минута Рабио играше со рака, а Верету успеа да го совлада Шчесни за водство на домаќините.
Јувентус се обиде со иницијатива да дојде до израмнување, а тоа се случи откако Пелегрини играше со рака на спротивната страна по обидот за додавање на Роналдо, па Португалецот доби шанса да го совлада Миранте.
Но, иако тој гол беше постигнат во 44. минута, Рома изведе една опасна полуконтра, која во гол ја претвори Верету за 2:1 по првиот дел.
Не само што Јувентус имаше негатива, туку од 62. минута остана и без Рабио, кој по вториот жолт картон го напушти теренот, а домаќините во следниот период не реализираа две големи шанси преку Џеко.
Казната стигна во 69. минута, кога Роналдо доби одлично нафрлување од Данило и со глава ги постави конечните 2:2.
За Рома ова е прв бод сезонава, додека за Јувентус прво реми откако во првото коло ја совлада Сампдорија.