Деми Ловато наводно ја раскинала веридбата со актерот Макс Ерик после шест месеци врска.
Имено, односот на познатиот пар се влошил поради тоа што Макс ѝ испраќал поради на поранешната пријателка на Деми, Селена Гомез уште во 2015-та година.
„Тоа беше тешка одлука, но Деми и Макс одлучија секој да тргне по свој пат и да се фокусираат на нивните кариери. Се почитуваат и се сакаат еден со друг и секогаш ќе го ценат времето кое го поминале заедно“, изјавил извор близок на парот.
Деми и Макс својата врска ја започнале во март оваа година, непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот и заедно го поминувале времето во карантин.
Сè тргнало наопаку кога биле објавени снимки на кои Макс во минатото ја руга Деми и ја споредува со Селена, за која наводно напишал дека е поубава и дека пее подобро од неа.
„Хахаха, Селена Гомез и Деми се слатки заедно, но ако мислите дека Деми е позгодна... Се лажете“, наводно напишал Макс во 2015-та година.
Деми после тоа тврдела дека сето тоа е лажирано и дека луѓето треба да се занимаваат со попаметни работи.