Растат шансите Трамп да победи повторно: Незначително заостанува зад Бајден во клучните држави...

Точка

25/09/2020

15:22

1.326

Големина на фонт

а а а

Американската претседателска трка станува многу потесна од тоа што го покажуваат анкетите на национално ниво, открива истражувањето кое за „Ројтерс“ го спроведе „Ипсос“.

Според најновото истражување објавено денес, демократот Џо Бајден има незначителна предност во однос на акутелниот претседател од таборот на Републиканците, Доналд Трамп.

Според анкетата, Џо Бајден има мала предност пред Доналд Трамп во три држави, а во останатите три се води мртва трка.

„Онлајн“ истражувањето на јавното мислење спроведено во септември покажува дека Бајден и Трамп се израмнети во Флорида и Северна Каролина и Бајден води со само 1% во Аризона. Во Пенсилванија Бајден води со 3%, а во Високонзин и Мичиген со 5%.


Сите наведени држави ќе бидат одлучувачки во изборот на победникот на изборите на 3-ти ноември. Не само што имаат голем број на жители, туку во секоја од таканаречените „свинг држави“, исходот е редовно неизвесен и е тешко да се прогнозира на кого ќе му припаднат електорските гласови.

Во секоја од тие држави, како што појаснува „Ројтерс“, разликата помеѓу двајцата кандидати е блиску или во статистичката грешка, што значи дека ниту еден кандидат нема јасна предност.

Анкетите на национално ниво и по сојузните држави покажуваат дека овогодишните избори би можеле да завршат исто како и во 2016-та година. Тогаш Демократите освоија повеќе гласови, но Републиканците ги добија електорските гласови.


Бајден моментално има предност на национално ниво, но Трамп има речиси исти шанси за победа во клучни држави, а со тоа и доволно електорски гласови кои ќе му обезбедат втор мандат.

Се чини дека гласачите од таканаречените „свинг држави“ не го казнија Трамп поради начинот на управувањето со корона кризата во таа мера како што го казнија гласачите во останатите сојузни држави, а освен тоа сметаат дека Трамп е подобар од Бајден кога станува збор за економијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг