Видео: Јавноста згрозена по видеото во кое полицијата сред улица претепува млад човек, реагираа и од Хелсиншки комитет

Точка

24/09/2020

21:05

13.764

Големина на фонт

а а а

Денеска на социјалната мрежа Фејсбук беше споделено видео на кое што може да се забележи како македонските полициски службеници брутално тепаат човек среде улица.

Во описот на видеото пишува дека претепаното лице е припадник на ромската етничка заедница.

Граѓаните веднаш на социјалните мрежи побараат МВР да го испита случајот и да се санкционираат сторителите.

По виралното ширење на видеото на социјалните мрежи, реагираа и од Хелсиншкиот комитет за човекови права:

„Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува ваквото однесување на полициските службеници и за ова ќе поднесе претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Со претставката ќе побараме да се испитаат сите околности, да се прибават докази и да се покрене постапка пред суд со цел утврдување на кривична одговорност. Дополнително, од Одделението за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, ќе побараме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постапка.

Во оваа прилика изразуваме голема загриженост за зачестеноста на полициската бруталност врз ромската заедница. Инцидентот во Битола се случува само три месеци по полициската бруталност врз бездомни лица-Роми кои живеат под Железничката станица во Скопје. Ромите во земјава секојдневно се соочуваат со системска дискриминација во речиси сите општествени сфери, со континуирани тешкотии во остварување на правата во сите области, а сето тоа се отсликува и во односот на полицијата кон овие луѓе.

Полицијата мора да ги санкционира бруталните припадници во нејзините редови и да се осигура дека граѓаните се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници. Ваквиот третман кон ранливите групи граѓани, кои долги години во изминатиот период беа жртви на полициско насилство, мачење и понижувачки третман, нема да ја врати довербата во полицијата. Напротив, ваквото однесување дополнително придонесува граѓаните да се чувствуваат загрозено и исплашено“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.




Спонзорирани линкови

Маркетинг