Преседан во историјата на ОН: "Зарем луѓето ќе ги остават да умрат?"

Точка

24/09/2020

14:15

2.084

Големина на фонт

а а а

Додека трае виртуелното заседание на 75-то Генерално собрание на ОН, многу лидери на сиромашни земји се прашуваат дали и на нив ќе им биде достапна вакцината против коронавирусот.

Прашањето на сите прашања, наведува агенцијата "AFP", е дали таа вакцина ќе им биде достапна баш на сите земји, и оние кои се богати и оние кои се сиромашни. Бидејќи, загрижува една работа, а тоа е дека нема соработка по тоа прашање меѓу САД, Русија и Кина, а кога некој таков глобален проблем постоел, постоела и таа соработка. 

Сите напори на ОН вакцината да им биде достапна на сите паѓаат во вода бидејќи трката за набавка на вакцина веќе почнала, паралелно со онаа во која вакцината се произведува.

"Зарем луѓето ќе бидат оставени да умрат?", запрашал отворено претседателот на Хондурас Хуа Орландо Хернандез, кој и самиот бил заразен со коронавирус.

"AFP" наведува дека повеќе од 150 земји се вклучиле во трката за вакцината против ковид-19, во иницијативата Ковакс, во која богатите земји се обврзале дека, освен што за себе ќе набават одредени дози на вакцина, финансиски ќе им помогнат и на послабите да ја набават.

Но, отсуството на трите водечки сили, САД, Русија и Кина од тој план значи дека станува збор за преседан во 75-годишното одговарање на ОН на светските кризи. Имено, тие земји, освен што развиваат сопствени вакцини, јасно ставаат до знаење дека нивното население ќе бидат апсолутен приоритет.

Претседателот на Гана укажал и на илузијата која сега владее: "Вирусот ни покажа дека нема граници и дека сите сме во ризик и опасност, без разлика дали сме сиромашни или богати", рекол тој.

Друг лидер, оној на Палау, ги предупредил светските лидери дека се себични и дека сето тоа ќе ги чини обичните граѓани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг