Луѓето со оваа крвна група се посклони кон болести, меѓутоа и останатите имаат причина за грижи

Точка

24/09/2020

13:25

2.844

Големина на фонт

а а а

Во текот на 70-те и 80-те години било спроведено истражување кое што покажало дека луѓето со крвна група А се посклони кон алкохолизам.

Крвната група исто така влијае на нашиот живот и тоа на овие пет начини.

Дали ги привлекувате комарците?

Луѓето со крвна група 0, се дупло попривлечни за комарците од останатите крвни групи, покажало едно од истражувањата спроведено во Јапонија. Меѓутоа, тука има уште една друга вест - луѓето со оваа крвна група имаат помалку шанси да заболат од маларија која што исто така ја пренесуваат комарците.


Бактерии во дигестивниот систем

Сите знаеме за важноста на пробиотиката, микробите кои што живеат во нашиот систем за варење и колку тие влијаат на нашата здравствена состојба. Истражувањата покажале дека населеноста на овие бактерии зависи од крвната група, па со оглед на тоа се спроведува одреден режим на исхрана и лечење на поединечни болести.

Ризик од алкохолизам

Во текот на 70-те и 80-те години спроведени биле истражувања кои што покажале дека луѓето со крвната група А се посклони на алкохолизмот и поради тоа антигените во нивниот имун систем реагираат поразлично од останатите крвни групи.


Реакција на стрес

Многубројни студии покажуваат дека хормонот на стрес, кортизол, е многу важен - од побрзо стареење до склоност кон брза храна. Долгорочното зголемено лачење на кортизолот е многу погубно, особено за луѓето со нулта крвна група.




Спонзорирани линкови

Маркетинг