Renault Arkana конечно пристигнува и на европскиот пазар

Точка

23/09/2020

20:15

3.198

Големина на фонт

а а а

Нешто повеќе од една година од лансирањето во Русија, компактниот џип на францускиот производител ќе пристигне и во останатите европски земји во првата половина од идната година.

За разлика од руската верзија која е „изградена“ на постарата B0+ механичка платформа, европскиот Renault Arkana ќе ја користи модуларната CMF-B платформа која ја користат најновите верзии на моделите Clio и Captur.

Renault Arkana во Европа ќе пристигне со хибридниот погон E-Tech Hybrid со вкупна сила од 140 коњски сили. Покрај тоа, на располагање ќе бидат и два таканаречени „благи“ хибриди со 12-волтен систем (TCe 140 и TCe 160). Кога станува збор за класичниот хибрид E-Tech, тој се состои од 4-цилиндарски 1,6-литарски бензинец и два електромотори.


Автомобилот секогаш стартува на електрична енергија, а од Renault тврат дека Arkana може да вози 80% „градска“ исклучиво на електрична енергија, со што се намалува потрошувачката на гориво за 40%.


Во внатрешноста на располагање се два дигитални екрани - еден на местото на инструменталната табла (со димензии од 4,2, 7 или 10 инчи), а вториот задолжен за мултимедијалниот систем со дијагонала од 7 или 9,3 инчи. Мултимедијалниот систем на Renault Arkana е опремен со Android Auto и Apple CarPlay за поврзување со паметен телефон.


Цената на овој модел на Renault засега не е соопштена, но познато е дека цената на руската верзија изнесува околу 20 илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг