Бугарите на масовни протести против Владата и на Денот на независноста

Макфакс

23/09/2020

10:23

1.096

Големина на фонт

а а а

Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на Владата што ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите.

Неколку илјади луѓе се собраа во повеќе градови на антивладини протести, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка“ за време на говорот на претседателката на парламентот Цвета Карајанчева по повод националниот празник, пренесува јавниот радио сервис. 

„Оставка“, „мафија“ беше скандирано и од демонстрантите во Софија, меѓу кои имаше многу млади луѓе, кои во ерупција на незадоволство направија заглушувачка бучава пред седиштето на владата. 

„Јас тврдоглаво инсистирам на тоа да го изградам својот живот во Бугарија, иако повеќето од моите колеги сакаат да ја напуштат земјата веднаш штом дипломираат“, рекла студентка по медицина во Софија, учесничка на протестот. 

Зградата на парламентот ја чуваа три полициски кордони кон кои демонстрантите фрлаа со петарди и шишиња. 

Во Софија во последните два и пол месеци се одржуваат секојдневни протести за борба против корупцијата, во кои учествуваат луѓе од различни сфери и политички припадности, кои бараат „живот според европските стандарди“. 

Според невладината организација „Транспаренси Интернешнл“, Бугарија е најсиромашна земја во Европската унија, но и членка со највисоко ниво на корупција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг