Мишел Обама за тајните на долгиот брак...

Точка

22/09/2020

21:48

1.302

Големина на фонт

а а а

Мишел Обама во разговор за својот подкаст ја открила тајната за долготраен брак.

Таа и Барак од 2009-та до 2017-та година беа Првиот пар во САД. Откако нејзиниот сопруг повеќе не е претседател, Мишел е уште попозната и поомилена од претходно.

Таа од неодамна има и свој сопствен подкаст. Таму во разговор со Конан Обриен, ја открила тајната на својот долготраен брак.

„Имаше периоди кога сакав да го фрлам од прозорец Барак. Ова го велам затоа што треба да се знае дека чувствата можат да бидат силни. Но, тоа не значи дека сакате да фрлите сè“, објаснила таа.

„Важно е да не се предаваш штом ќе стане тешко во врската. Тешките фази можат долго да траат. Можат да траат со години“, објаснила поранешната Прва дама.

View this post on Instagram

I’m so excited to kick off my podcast on Wednesday—with Barack as my very first guest! We’ll be talking about our connections to our communities, particularly what our responsibilities are in this current moment. Throughout this first season, I’ll be having more conversations like this one with the people closest to me. My mother and brother stop by, as does my friend and mentor, Valerie Jarrett. You’ll also hear from many of my girlfriends, the women who’ve always been there with a shoulder to lean on, a perspective to think about, or simply an open line to vent to. In this time of social distancing, it’s more important than ever to invest in the relationships that make us who we are. And I hope the #MichelleObamaPodcast can be a place for you all to dig deeper inside your own lives and relationships, and start up some of these conversations with one another as well. I can’t wait for you all to listen starting on 7/29!

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama) on

Денес многу парови не се спремни да работат на фазите во врската.

„Младите парови се наоѓаат покрај овие предизвици и се предаваат бидејќи мислат дека врската им е уништена“, објаснила Мишел и признала дека за време на врската со Барак имало 'тешки периоди'.

Мишел објаснила дека е важно да имаме доволно време да ја запознаеме личноста во многу различни ситуации.

„Имено, да сретнеш некого со кого сè ти одговара, би било магија. Меѓутоа, важни се 'основите', односно, треба да бидете искрени и отворени, да се препуштите еден на друг и да видите каде води врската и што ќе се случи“.

Кога станува збор за навиките на помладите генерации, Мишел истакнува: „Не можеш да пронајдеш пат за долготрајна врска на Тиндер.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг