„Се будев секој ден со помислата дека сум Лејди Гага, а потоа станував депресивна...“: Пејачката зборувала отворено за психичките проблеми

Точка

20/09/2020

18:21

3.752

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, во новото интервју за „Billboard“ отворено зборувала за својата борба со депресијата.

Славната пејачка опишала како се чувствувала во последните неколку месеци и како работата на албумот „Chromatica“ ѝ помогнала да ја обликува состојбата на умот. Како што истакнала, по турнејата „Joanne“ која заврши во 2018 година, Гага поминувала низ ужасни работи. 

„Се будев секој ден со помислата дека сум Лејди Гага, а потоа станував депресивна...“, вели таа.


Истакнала дека се плашела да го напушти домот и дека со часови знаела да седи пред куќата.

„Седев надвор, со часови пушев цигари и плачев“, објаснила Гага.

Пејачката одлучила да посетува психијатар кој многу ѝ помогнал да ги пронајде корените на своите проблеми.


„На терапиите ги лупев сите слоеви од кромидот. Колку подлабоко копате, се приближувате до јадрото, а јадрото на кромидот мириса“, опишала Лејди Гага на свој начин.

Таа истакнала дека немерливо ѝ помогнала работата на музика и дека особено уживала додека работела на спотот за синглот „911“.

„Слободата за мене значи да заминам во најтемниот дел од моето срце, да ги посетам работите кои се тешки и да ги оставам зад себе“, рекла Гага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг