Ураганот во Грција остави пустош зад себе, фармерите спасуваат заробени животни

Макфакс

20/09/2020

11:52

1.096

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа, а едно е исчезнато во невремето што предизвика поплави во централна Грција. Ураганот ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.

Утрово споделено е видео на кое може да се види поплавениот регион и фармери кои ги спасуваат своите домашни животни.

Инаку, телото на првата жртва беше пронајдено вчера во нејзината поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица. 

Најмалку два моста и неколку згради беа оштетени при излевање на река. 


Жената која се води како исчезната, го игнорирала предупредувањето на пожарникарите и полицијата да не се вози во областа каде што реката го преплавила мостот. 

Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата. 

Некои делови од земјата останаа без електрична енергија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг