Навални објавил фотографија како оди: Уште ми се тресат нозете, но полека! Мојот пат до закрепнувањето е јасен, но многу долг

Точка

19/09/2020

17:06

3.543

Големина на фонт

а а а

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, објавил фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали и напишал дека неговиот пат кон закрепнувањето е "јасен, но долг".

Тој рекол дека уште ќе има потешкотии да се качи на скали бидејќи уште му се тресат нозете, пренесува "Reuters". 

На него минатиот месец му се слошило во Сибир, по што во состојба на вештачка кома бил префрлен во Германија.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека бил отруен со нервен агенс новичок, што Москва негира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг