Британскиот премиер ги плаши сограѓаните со коронавирусот: „Вториот бран е неизбежен“

Точка

18/09/2020

22:11

1.880

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјавил дека во таа земја вториот бран од пандемијата на коронавирусот е неизбежен, додавајќи дека не би сакал на национално ниво повторно да се воведуваат мерки за карантин, но дека властите можеби ќе бидат приморани да донесат одлука за новите забрани.

„Гледаме дека доаѓа нов бран... тоа е, се плашам, апсолутно е неизбежно“, рекол Џонсон.

Како што пренесува „Ројтерс“, Џонсон рекол дека не е исклучено дека британската влада, за ситуацијата да ја држи под контрола, мора да донесе нови мерки.

„Никако не сакам да воведеме втор карантин на национално ниво“, рекол британскиот премиер, но додал дека ситуацијата ќе мора да се анализира ако вирусот продолжи да се шири.

„Ројтерс“ додале дека министрите во британската влада денеска размислуваат за воведување на нов национален карантин, откако бројот на новозаболени од коронавирус речиси двојно се зголемил на дневно ниво, на околу 6.000 случаи.

Најголем пораст на новозаболени е забележан во северна Англија и Лондон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг