Песимистична прогноза - угледен британски научник предупредува: Вакцината против коронавирусот нема да биде достапна во јавноста барем уште една година

Точка

17/09/2020

17:59

1.508

Големина на фонт

а а а

Вакцината против коронавирусот можеби нема да биде достапна во јавноста се до септември 2021-ва година, предупредил истакнат британски научник.

Професор Питер Опеншо од Империјал колеџот во Лондон и советник на владината научна советодавна група за итни случаи, рекол дека очекува деветмесечен јаз меѓу открието на вакцината и нејзиното ставање на располагање на јавноста. 

Оксфордската вакцина, во која многумина положуваат надеж, во саботата повторно ги продолжила своите испитувања по кратката пауза по загриженоста дека таа би можела да предизвика опасни несакани ефекти

"АстраЗенека", фармацевтска компанија, веќе започнала со производство на вакцина очекувајќи нејзино одобрение. Доколку добијат зелено светло, произведените дози ќе бидат поделени на земјите кои ги нарачале уште во експерименталната фаза.

Предупредувајќи на можни доцнења во дистрибуцијата на вакцината, професорот Опеншо рекол дека за програмата за вакцинација ќе биде потребно време.

"Со оглед на тоа дека резултатите од сите испитување на вакцините се најавени за наредните неколку месеци, верувам дека, на основа на тоа што го знаеме за имунолошкиот систем, вакцините ќе можат да пружат заштита неколку месеци, можеби дури и години", рекол тој.

Професорот Опеншо оценил дека позитивни резултати барем од едно испитување на вакцина ќе дојдат пред крајот на годината, пренесува "Daily mail".

"А тоа значи дека можеби во некои делови од светот ќе имаме програми за вакцинација десет месеци после тоа. Верувам дека вакцината ќе биде достапна до следната зима", рекол тој.