Пијана мајка го згрози светот: Погледнете што прави со бебето, сега полицијата е на ред

24 Вести

16/09/2020

18:42

3.196

Големина на фонт

а а а

Деца од рускиот град Јефремов, недалеку од Тула, повикале полиција откако виделе пијана мајка како турка количка со бебе по рампа за скејборд.

Жената се сопнала и паднала на земја, а според одредени наводи, претходно испила најмалку 2 литри пиво.

На почетокот на видеото, мајката забрзува и се забива во подножјето на рампата, а поради залетот, количката се превртела и девојчето речиси паднало на бетон.

Откако го смирила расплаканото дете, жената се обидела по вторпат неуспешно да се искачи по рампата, со истиот резултат. 


Извештаите сугерираат дека откако видеото се појавило на социјалните мрежи, локалните власти покренале истрага поради загрозување на животот на детето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг