Каква „машина“ ви е потребна за играње на легендарната MAFIA: Definitive Edition

Точка

16/09/2020

15:41

1.863

Големина на фонт

а а а

Една од игрите која се очекува со голема нетрпеливост оваа година е новото издание на оригиналната MAFIA игра од 2002-ра година.

Овој наслов е модернизиран за денешните системи со целосно нова графика на MAFIA 3 енџин, што им даде прилика на програмерите градот Lost Heaven да го збогатат со новини, како што се нови локации и мотоцикли.

Додека ја чекаме премиерата на Steam платформата, објавено е какви спецификации треба да има вашиот компјутер, за да можете да ја играте старо-новата култна видео игра.

MAFIA: Definitive Edition минимална PC конфигурација:

Процесор: Intel Core-i5 2550K 3.4 GHz / AMD FX-8120 3.1 GHz

Графичка карта: NVIDIA GeForce GTX 660 / AMD Radeon HD 7870

RAM: 6 GB

Меморија: 50 GB

MAFIA: Definitive Edition препорачана PC конфигурација:

Процесор: Intel Core-i7 3770 3.4 GHz / AMD FX-8350 4.2 GHz

Графичка карта: NVIDIA GeForce GTX 1080 / AMD Radeon RX 5700

RAM: 16 GB

Меморија: 50 GB

Инаку, MAFIA: Definitive Edition пристигнува на 25-ти септември и веќе можете да ја купите на Steam.



Спонзорирани линкови

Маркетинг