Белорусија не исклучува одговор со сила на заканите во рамките на сојузот на држави

Макфакс

15/09/2020

15:51

931

Големина на фонт

а а а

Белорусија не ја исклучува можноста да одговори со сила на воени закани во рамките на Сојузот на Русија и Белорусија и Организацијата за договор за колективна безбедност (ЦСТО), изјави шефот на Секторот за меѓународна воена соработка на белоруското Министерство за одбрана, Олег Воинов, пренесува ТАСС.

„Меѓу другото, не исклучуваме реакција со сила на директни воени закани во рамките на активните договори на Сојузот на Русија и Белорусија и Организацијата на договорот за колективна безбедност во случај на отворена воена агресија против Белорусија и вооружен конфликт“, рече Воинов.

Тој додаде дека Минск може да постави дел од единицата на регионалните вооружени сили на својата територија во близина на западната граница.

„Може да кажеме дека ова не се должи на заканата за Сојузот на Русија и Белорусија од Полска или од балтичките држави, ова се должи на заканата од земјите лоцирани илјадници километри подалеку“, посочи тој.

Воинов истакна дека во оваа тешка ситуација, Белорусија ја цени поддршката на своите партнери Русија и Кина, додавајќи дека нивната поддршка покажува дека патот што го избраа Белорусија и белорускиот народ е вистинскиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг