Сончево и топло време со температура до 33 степени

Макфакс

15/09/2020

09:46

549

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени. 

В среда ќе има појава на умерена облачост, а в четврток попладне и в петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг