Украина ја зајакнува безбедноста на границата со Белорусија

Макфакс

14/09/2020

13:05

559

Големина на фонт

а а а

Државната погранична служба на Украина презема засилени безбедносни мерки на белоруската граница, пренесува ТАСС.

„Зајакнувањето на овој дел од државната граница се врши со вклучување на дополнителни резерви, вклучително и единици Дозор и центар за обука на кучиња. Авијацијата за контрола на границите и беспилотните летала вршат мониторинг од воздух, додека чамците SAFE Boat 27 патролираат во водите на границата “, се вели во соопштението.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победил со 80,10 отсто од гласовите. Светлана Тихановскаја е втора, со 10,12 отсто од гласовите.

Веднаш по објавувањето на резултатите, низ цела Белорусија избувнаа масовни протести, предизвикувајќи судири со полицијата во текот на првите денови. Координативниот совет на белоруската опозиција апелира да продолжат со протестите сè додека властите не се согласат да одржат повторни избори, а властите бараат да се запрат неодобрените митинзи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг