Еколошките катастрофи се чести во историјата на човештвото, но ретко која може да се спореди со таа од 1958-ма година кога лидерот на Народна Република Кина, Мао Цетунг нареди убивање на сите врабци во земјата!
Мао сметал дека врабците се штетници кои ја уништуваат храната на неговиот гладен народ. Поради тоа решил да ги истреби и ја предизвикал една од најголемите катастрофи во поновата историја.
Акцијата ја нарекол „Кампања против четирите штетници“, по што биле убивани глуви, муви, комарци и врабци. Населението се приклучило во акцијата, вршена била мобилизација, а се користеле и тапани за да се плашат птиците при слетувањето.
Голем број на врабци угинале од исцрпеност, односно затоа што не можеле да слетаат на тлото од луѓето. Луѓето ги уништувале нивните гнезда и ги гаѓале во лет, па овој вид на птици речиси целосно бил истребен од Кина.
Следната година тоа резултирало со огромен раст на бројот на инсектите кои инаку биле храната на врабците. Бројот на скакулци толку многу пораснал, по што биле уништени полињата и плодовите, а во земјата завладеала гладта.
Се проценува дека во годините што доаѓале, околу 40 милиони Кинези починале од глад, а ова и ден денес е забранета тема во Кина.
Мао се обидел да ја победи природата, а за тоа прескапата цена ја платиле милиони луѓе.