Расте бројот на новозаболени во Хрватска, воведени нови мерки

Макфакс

02/09/2020

12:25

958

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 311 нови случаи на коронавирус и четворица починати пациенти од последици на Ковид-19.

Како што беше објавено на прес-конференцијата, вирусот во моментов е активен кај 2.566 лица, а од почетокот на епидемијата се регистрирани 10.725 случаи.

Вкупно 175.346 лица биле тестирани од почетокот на епидемијата, а 4.122 лица во изминатите 24 часа.

На болничко лекување се 258 лица, а 14 се приклучени на респиратори.

Закрепнаа 7.968 луѓе.

Четворица починале, а вкупно 191 пациент од почетокот на епидемијата.

Воведени се нови мерки во Пожешко-славонската Жупанија – свадбените церемонии и приватните собири се ограничени, изјави шефот на Националниот штаб и министер Давор Божиновиќ.