Исламската држава повторно "оперира" по Сирија: Америка убедена во нивниот потпис на експлозијата на гасоводот

Точка

24/08/2020

15:26

1.149

Големина на фонт

а а а

САД се сомневаат дека Исламската држава е одговорна за експлозијата на гасоводот во близина на Дамаск, за која сириските службеници наведуваат дека е резултат на терористички напад.

Експлозијата на Арапскиот гасовод, главниот гасовод на Блискиот исток, кој се протега од Египет преку Јордан и Сирија, довела до снемување на струја во Сирија, а министерот за нафта на таа земја, Али Ганем, изјавил дека првите показатели велат дека станува збор за терористички напад. 

Американскиот пратеник за Сирија, Џејмс Џефри, во Женева рекол дека е забележана зголемена активност на ИСИС на југоистокот на Сирија.

"Уште разгледуваме што се случило, но речиси сум сигурен дека станува збор за напад на ИСИС", рекол Џефри на почетокот на преговорите за Сирија под покровителство на ОН.

Исламската држава ги изгубила териториите во Сирија во март 2019-та година, но во таа земја уште се присутни мали групи припадници на таа терористичка организација.

ТВ каналот "Икбарија" покажал снимки од големиот пожар по експлозијата меѓу сириските радови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск.

Жителите на Дамаск велат дека во тој град повторно е воспоставено снабдувањето со струја.

Сирија во 2013-та година веќе се соочила со снемување на струја, откако бунтовниците го гранатирале гасоводот.