Научници од Универзитетскиот Колеџ во Лондон успеале да постават нов рекорд на најголема брзина на интернет сигнал во светот.
Станува збор за брзина од 178.000 Gbps (178 Tbps). Да, добро прочитавте. За споредба, центрите на податоците со оптички влакна кои моментално ги имаме се способни да пренесуваат податоци од 35 Tbps.
Овој подвиг го постигнал тим на истражувачи предводени од д-р Лидија Галдино, а брзината, на пример, е доволна за да преземе сè од Нетфликс одеднаш, за помалку од една секунда.
Исто така, тоа е речиси четирипати поголема брзина од претходниот рекорд (44.2 Tbps), кој го поставиле научници од Австралија.
Како што објасниле научниците, биле користени многу пошироки бранови должини од оние кои се користат во постоечките системи на оптички влакна, а опсегот на спектарот е огромни 16,8 THz. Најновиот комерцијален опсег кој изнесува 9THz, штотуку пристигнал.