Арсенал и официјално го претстави своето прво големо засилување

Дерби

14/08/2020

15:03

994

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Арсенал и официјално го потврдија тоа што се пишуваше изминативе неколку дена во Англија.

Нов фудбалер на клубот е 32 годишниот бразилски интернационалец, Вилијан, кој на „Емирејтс“ пристигнува како слободен агент откако неговиот договор со Челси дојде до самиот крај.

Вилијан потпиша тригодишен договор со тимот на Арсенал, а во новата средина ќе го носи дресот со број 12.

– Верувам дека тој е играч кој може да направи разлика за нас. Го следевме во послендите неколку месеци, имавме јасна намера да ја засилиме офанзивата, а тој е играч кој може да ни даде голема разновидност затоа што може да покрие три или четири различни позиции.

– Тој има искуство во светот на фудбалот и имаше амбиција да ојде овде и да придонесе да се однесе овој клуб таму каде што припаѓа.

– Искрено бев импресиониран од сите разговори кои ги имавме со него и од тоа колку тој силно притискаше да дојде кај нас, - изјави Артета по потврдувањето на трансферот на Вилијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг