Велосипедистите со огромни модринки по градот на Дофин

Макфакс

14/08/2020

10:46

1.369

Големина на фонт

а а а

Белгискиот велосипедист Тим Деклерк ги покажа последиците од градот кој ги фати натпреварувачите на втората етапа на Критериум ду Дофин трката во Франција, објавувајќи фотографија од својот грб на кој имаше неверојатен број на модринки.

Велосипедистите го искачуваа Кол ду Порт, а иако врнеше во текот на целата етапа, најмногу страдаа тие кои завршија далеку од главната група, како Деклерк и Максим Шевалие, кои добија страшни модринки на грбот.

Словенецот Примож Роглич триумфираше на втората етапа и е лидер во генерален пласман пред Французинот Тибо Пино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг