Убиство во скопско: Им рекол дека нема пари, па го застрелале пред сопругата

Точка

14/08/2020

09:44

11.300

Големина на фонт

а а а

Синоќа околу полноќ од МВР добиле пријава за пукотници на улицата „Шамак“ во скопско Инџиково.

Според неофицијални информации, две вооружени лица маскирани во фантомки влегле во куќата на 49-годишен жител И.А. кој во својот дом бил со својата сопруга.

Двете лица биле вооружени со пиштол, а откако упаднале, во куќата, И.А. заедно со сопругата го легнале во ходникот, по што му побарале пари.

„Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во главата, по што починал“, пренесува „Алсат“.

Во куќата во скопско Инџиково имало и други роднини, а двете маскирани лица побегнале во непознат правец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг