Портпаролката на СЗО Грета Исак: Секоја безбедна вакцина ќе биде глобално јавно добро

Точка

13/08/2020

19:02

1.084

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на СЗО, Грета Исак, истакнува дека оваа организација го поздравува секој напредок во истражувањето и откривањето на вакцина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера објавил сензационална вест дека во оваа држава е пронајдена вакцина за "Ковид-19". По тој повод "Avaz" ја контактирал Светската здравствена организација. 

Во изјава за "Avaz", портпаролката на СЗО, Грета Исак, истакнува дека оваа организација го поздравува секој напредок во истражувањето и откривањето на вакцина.

"Светската здравствена организација е свесна дека вакцината против Ковид-19 е регистрирана во националниот регистар за лекови на Руската Федерација. На глобално ниво, СЗО е вклучен во водење и забрзување на напорите", истакнува Исак.

Сепак, од СЗО истакнуваат дека пред одобрувањето, секоја потенцијална вакцина мора да мине низ ригорозни проверки.

"Забрзувањето на истражувањето на вакцината треба да се направи преку повеќе процеси, за да се обезбеди дека вакцината на крајот е сигурна и делотворна. Секоја безбедна и делотворна вакцина против пандемијата ќе биде глобално јавно добро, а СЗО повикува на брз, правичен и непристрасен пристап на било која таква вакцина ширум светот", вели Исак.

Исак наведува дека СЗО е подготвена да ја тестира руската вакцина.

"СЗО е во контакт со руските научници и власти и се радува на деталите поврзани за направените тестирања", додала Исак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг