Пиеле дезинфекциски средства, јаделе големи количини на лук: Околу 800 луѓе починаа поради дезинформации во врска со Ковид-19

Точка

13/08/2020

10:30

2.628

Големина на фонт

а а а

Најмалку 800 луѓе починаа ширум светот како последица на дезинформации поврзани со коронавирусот во првите три месеци од оваа година, откриваат научниците.

Според студијата објавена во Американскиот магазин за тропска медицина и хигиена, околу 5,800 луѓе биле примени во болниците како резултат на лажни информации поврзани со коронавирусот, а пласирани претежно на социјалните мрежи.

„БиБиСи“ пренесува дека многумина починале затоа што пиеле метанол или средства за чистење и дезинфекција на база на алкохол. Сите погрешно верувале дека тие средства можат да го излекуваат или да бидат превенција на заболување од коронавирус.


Светската здравствена организација соопшти дека „инфодемијата“ околу Ковид-19 се шири подеднакво брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласините и културната стигма придонесува за сето тоа да резултира со смрт или повреди.

Многумина од жртвите следеле најразлични совети на интернет, од јадење на големи количини на лук, до голтање на огромни количини на витамини како начин за спречување на инфекцијата, откриваат американските научници.

Исто така, забележано е и пиење на кравја урина, а сите овие постапки имале „потенцијално сериозни последици“ по здравјето на луѓето, велат научниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг