Тарабунов не мирува: „Дај ми“ е неговото ново музичко парче!

Точка

11/08/2020

16:24

558

Големина на фонт

а а а

Александар Тарабунов повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“. Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат објави lyrics видео на кое е ставен акцент на текстот во песната кој е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.

„Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе „Дај ми“, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што е препознатлив за мене“, откри пејачот.

Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после извесен период пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов и на истиот можете да се претплатите.

Освен „Дај ми“ пред повеќе од еден месец Тара го промовираше видеото за темата „Нема крај“, а деновиве објави и интересен кавер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг