Рампа за американците заразени со коронавирус: Трамп воведува забрана за влез во државата?

Точка

11/08/2020

09:25

929

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп го разгледува можното воведување на забрана за враќање дома на државјани на САД и легални резиденти за кои постои сомнение дека се заразени со коронавирус.

Еден висок функционер од американската администрација изјави за „Ројтерс“ дека се подготвува нацрт текст од нов пропис кој би требало да ѝ овозможи на владата да ги спречи државјаните на САД да се вратат во својата земја доколку постои основан сомнеж дека се заразени со коронавирус.

Американскиот претседател од почетокот на пандемијата воведе неколку рестриктивни мерки за влез во Соединетите Американски Држави.


„Ројтерс“ во мај пренесе дека во американската администрација постои загриженост дека двојните државјани на САД и Мексико би можеле да се обидат да побегнат во САД доколку во Мексико се влоши епидемиолошката ситуација. Со ова, американскиот здравствен систем би бил изложен на дополнителен притисок.

Новата мерка ќе ја објави Националниот центар за контрола и превенција на заразни болести, тврди неименуваниот висок функционер од американската администрација за британската новинска агенција „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг