Семејството и пријателите денеска се простија од Исидора Бјелица

Точка

08/08/2020

18:03

3.999

Големина на фонт

а а а

Српската писателка Исидора почина на 53-годишна возраст, по долгогодишна борба со опасната болест.

Книжевничката Исидора Бјелица почина на 5-ти август, по долгогодишна борба со ракот, а денес на 8-ми август со почеток во 15:50 часот одржан бил погребот.

На Новите гробишта во Белград присуствувале членови од семејството, пријатели, но и оние кои што го почитувале делото и ликот на Исидора, па упатиле последен поздрав и се простиле од неа.


Меѓу нив биле синот на Исидора, Лав, ќерката Вила, сопругот Небојша, како и нејзините родители, мајката Невенка и татко Димитрие.

Од српските јавни личности присуствувале познати политичари и музичари со нивните семејства.

Инаку, комеморацијата во чест на Исидора била одржана денес, во 12 часот во малата сала во Сава центарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг