Уште еден великан на мета на хакерите: Објавени 20 GB доверливи документи на Intel

Точка

08/08/2020

19:17

2.397

Големина на фонт

а а а

Откако хакерите успеаа да упаднат во Twitter и Nintendo, уште еден технолошки гигант се најде на нивна мета – станува збор за Intel.

Имено на интернет се појавиле дури 20 GB доверливи документи на Intel кои се однесуваат на инженерските податоци поврзани со нивните чипови и процесори.

Податоците биле објавени на популарната платформа Telegram, а иако на прв поглед не изгледале како важни, всушност би можеле да претставуваат голем проблем за Intel и милиони корисници ширум светот.

Имено во таквите податоци се кријат и информации за BIOS што може да доведе до развој на злонамерни програми кои би искористувале било какви слабости кои евентуално се кријат во BIOS.


Меѓу најопасните податоци кои се објавени се и алатки за firmware за платформата Tiger Lake кои можат да се искористат за создавање на злонамерни програми, а посебно внимание привлекуваат и драјверите за камери кои Intel ги развил за вселенската компанија SpaceX.

Од Intel само накратко потврдија дека „се чини дека податоците се украдени“ од Resource and Deisgn Center на Intel каде што се чуваат информациите за купувачите, партнерите и други надворешни соработници кои имаат одобрение за пристап.



Спонзорирани линкови

Маркетинг