Гол маж бркал дива свиња која му го украла лаптопот: „Даде сè од себе...“

Точка

07/08/2020

17:36

5.240

Големина на фонт

а а а

Нудист во Берлин доживеал мала непријатност во текот на сончањето, откако дива свиња му ја украла торбата во која што го чувал лаптопот, па побегнала.

Мажот веднаш се втурнал во лов на дивото животно, додека останатите нудисти го набљудувале смеејќи се.

Германската актерка Адел, успеала да ја засведочи оваа ситуација, а сето тоа се случило на плажата Teufelssee, па откако го направила тоа, го објавила на социјалната мрежа Фејсбук и им овозможила и на останатите луѓе да се насмеат.

„Природата возвраќа со удар“ - се пошегувала таа, додавајќи дека и главниот актер после сè се смеел.

„Даде сè од себе. Му ги покажав фотографиите, се насмеа и ми дозволи да ги објавам“ - напишала актерката.

Погледнете ги фотографиите:





Спонзорирани линкови

Маркетинг