Неверојатно - Играч на Вотфорд објави експлицитна снимка од се*кс забава, му се заканува отказ

Дерби

07/08/2020

11:20

1.814

Големина на фонт

а а а

Во таборот на Вотфорд минуваат низ турбулентен период откако клубот испадна од Премиер лигата, а раководството на две кола пред крајот на сезоната одлучи да му врачи отказ на човекот кој ги издигна од пепелта, Најџел Пирсон.

Сега, челниците на клубот ќе имаат уште потешка задача за справување затоа што клубот е посрамотен на социјалните мрежи од еден нивен играч.

Имено, венецуелскиот интернационалед, Адалберто Пењаранда на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави видео од се*с забава која ја организирал во неговиот дом.

Младиот 23 годишен фудбалер кој не добиваше многу шанса во Вотфорд, а една полусезона помина и во Еупен како позајмен играч сега се соочува со отказ од клубот.

„Сан“ јавува дека Вотфорд отворил истрага против ваквото недолично однесување и наскоро се очекува тој да добие „шут карта“ од клубот.

Веднаш откако го објавил видеото, Пењаранда сфатил што направил и го избришал, но веќе било доцна затоа што тоа почнало со енормна брзина да се шири низ социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг