Пронајдете ја разликата! Мајка и ќерка толку многу личат што често имаат бизарни ситуации!

Точка

06/08/2020

18:48

1.847

Големина на фонт

а а а

Даун Хабсер (60) и нејзината ќерка Шер (30), толку се слични што често ги бунат и нивните сопрузи, кои во моментот не можат да препознаат дали се работи за мајката или ќерката.

Ријалити ѕвездите од САД од секогаш наликувале една на друга, меѓутоа во тинејџерските години на Шер, сличноста помеѓу нив две станала неверојатна.

Нивната сличност им донела голема популарност на социјалните мрежи, а заедно дури напишале и книга „A Bond That Lasts Forever“.

„Кога ќе нè видат луѓето помислуваат дека сме сестри. Еден пријател на мајка ми зборуваше со мене и постојано мислеше дека зборува со неа. Во еден момент се облековме исто, а бидејќи двете имаме иста боја на коса, од позади изгледаме исто. Мојот сопруг ѝ пријде на мајка ми и ја удри по задникот, мислејќи дека тоа сум јас“, раскажала Шер.

„Редовното вежбање, здравата исхрана, грижата за кожата, доволно сон и многу вода се клуч за младолик изглед. Годините се само бројка, тоа што имаме малку повеќе години не значи дека така мора и да се однесуваме“, рекла мајката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг