Големиот талент на Манчестер Јунајтед и официјално се збогува со тимот и потпиша за француски тим

Дерби

05/08/2020

11:45

1.278

Големина на фонт

а а а

Младиот и талентиран фудбалер на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомеш од следната сезона и дефинитивно нема да го носи дресот на „ѓаволите“.

Офанзивецот го одби понудениот договор со кој требаше да заработува 30.000 фунти неделна плата и се реши како слободен агент да си оди од клубот.

Тој со емотивна порака преку социјалните мрежи веќе се прости од сите во Манчестер Јунајтед, а кариерата треба да ја продолжи во францускиот Лил.

Сепак, клубот од Франција во неговата прва сезона ќе го испрати Гомеш на „калење“ во Португалија каде ќе настапува во тимот на Боавишта.

Инаку, Анхел Гомеш исто како и уште неколку талентирани фудбалери на Јунајтед доби шанса од Оле Гунар Солскјер, но во ниту еден момент не покажа зрелост дека заслужува почесто да го носи дресот на „ѓаволите“, нешто што претходно покажаа неговите врсници Брендон Вилијамс и Мејсон Гринвуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг