Детето било поспано, па го однеле на лекар: Не можеле да веруваат што гледаат на рентген, чудо е што е живо!

Точка

04/08/2020

19:17

7.554

Големина на фонт

а а а

Лекари од Ерусалим биле во неверување кога на преглед дошло дете чии родители биле загрижени поради неговата ненадејна поспаност.

Родителите со детето од Палестина пристигнале во Медицинскиот центар „Hadasah“.


Докторите веднаш го прегледале, а на главата му пронашле мала рана и крв. Веднаш направиле рентген после што откриле дека детето има куршум во главата. Куршумот поминал низ черепот и се заглавил во мозокот на детето.

Неврохирургот Гај Елор, кој го извадил куршумот од главата на детето, рекол дека родителите не знаеле дека нивниот син е погоден.

„Мајката рече дека си играл со пријателите и дека нешто се случило, можеби паднало нешто врз него. Приказната не е сосема јасна. Имаше мала рана на главата“, рекол докторот.


Постои сомнение дека детето е погодено за време на прославата на Курбан Бајрам.

„Ако куршумот бил во друга насока, би можел да предизвика многу голема штета и значителни невролошки оштетувања“, рекол тој и додал дека детето закрепнува и разговара со своето семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг