Стравични сцени и паника во Бејрут: Брутална експлозија го потресе целиот град...

Точка

04/08/2020

18:51

13.269

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува „БиБиСи“, првата експлозија се случила во близина на крајбрежјето, а потоа следувала уште една, масивна експлозија која практично го потресе целиот град.

Моќната експлозија предизвика голема паника помеѓу населението, во радиус од километар се искршени прозорците на околните објекти, а темен чад го обви местото на експлозијата. Неколку згради се целосно срушени и се верува дека има и голем број на граѓани кои се затрупани под рушевините.

Според првичните информации, експлозијата е резултат на инцидент на пристаништето, а повеќе детали не се познати, освен тоа дека во близина имало фабрика за пиротехнички средства во кои биле складирани запаливи супстанци.

Либанскиот министер за здравство веднаш се огласи и ги повика сите болници во престолнината да бидат подготвени за примање на повредените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг