Се сеќавате ли на Африканецот кој пронајде скапоцен камен и „преку ноќ“ стана милионер? Сега повторно му се посреќи...

Точка

04/08/2020

17:26

3.989

Големина на фонт

а а а

Танзанискиот рудар кој во јуни стана милионер откако продаде два скапоцени камења за 3,4 милиони долари, сега пронајде и трет скапоцен камен кој исто така има милионска вредност.

Рударот Саниниу Лаизер третиот скапоцен камен на танзанит го пронајде во северниот дел на Танзанија, а тежи 6,3 килограми. Лазиер веќе го продаде за два милиони евра и ќе биде искористен за правење на накит.

Откако првите два скапоцени камења ги продаде за 3,4 милиони долари, Лаизер изјави дека парите сака да ги искористи за развој на својот крај, да изгради шопинг центар и училиште во близина на својот дом. Тој истакна дека многу луѓе од неговото соседство се сиромашни и не можат да си дозволат да ги испраќаат децата на училиште.

Рударот изјави дека парите кои ги добил нема да му го променат начинот на живот. Инаку, Лаизер има четири жени и повеќе од 30 деца.

Танзанитот е еден од најретките скапоцени камења, а некои геолози предвидуваат дека целосно ќе исчезне за 20-тина години. Интересен е најмногу поради својата комбинација на бои, меѓу кои се зелена, црвена, розова и сина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг