Богатите и славни гости ниту коронавирусот не ги спречи да ја посетат Хрватска – на крајбрежјето ужива и легендарниот американски кошаркар

Точка

04/08/2020

13:30

2.939

Големина на фонт

а а а

Меџик Џонсон во Сплит пристигнал на луксузната мегајахта. ''Посебните гости'' често имаат и посебни желби, а домаќините се трудат да им ги исполнат баш сите желби, па дури и оние невообичаените.

Легендарниот американски кошаркар со своето доаѓање во Сплит предизвикал големо внимание во јавноста.

Многу од луѓето посакале да го видат во живо, а оние најсреќните меѓу нив, успеале да добијат и фотографија со членот на кошаркарската Куќа на славните.

Инаку на јавноста исто така ја импресионирала и мегајахтата која што допловила во градот.


Станува збор за луксузно пловило долго 6 метри чие изнајмување чини околу еден милион долари неделно.

Но, дури и оваа ''убавица'' може тешко да се спореди со веројатно најголемата и најлуксузна јахта на светот која што е во сопственост на Роман Абрамович кој што и оваа година пристигнал во Хрватска.


Еден од најпознатите гости на јадранското крајбрежје кој што секоја година го посетува е и сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, а неговите ќерки Петра и Тамара и оваа сезона го отвориле летувањето во Дубровник.

Потоа исто така Хрватска ја посетила и музичката ѕвезда Род Стевард, а сите од познатите гости задолжително го посетуваат и Хвар.

„Што се однесува до нив, многу се едноставни. Како и сите наши гости, така и тие бараат добра храна, добра услуга, а тоа го препознаа кај нас веќе одамна, а тоа ги воодушеви. Секогаш се враќаат тука“ - истакнал Иван Господнетиќ, сопственик на хрватски ресторан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг