Пратениците започнаа да пристигнуваат во Собранието: Им се мери температура, задолжително е носењето на маски...

Точка

04/08/2020

12:14

1.947

Големина на фонт

а а а

Новиот парламентарен состав започна да пристигнува на првата конститутивна седница во Собранието на Македонија, која треба да се одржи на пладне.

Конститутивната седница за разлика од претходните, овојпат се разликува по строгите мерки за заштита и сузбивање на коронавирусот. Пратениците кои пристигнуваат во Собранието носат заштитни маски, употребуваат средства за дезинфекција, а на влезот им се мери и телесната температура.

Седницата инаку ќе биде одржана во Големата сала каде што гласањето ќе се одвива рачно поради неопходноста да биде одржана дистанца меѓу пратениците.


Со конститутивната седница ќе претседава Талат Џафери кој неодамна беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Скопје.



Да потсетиме, на неодамнешните парламентарни избори, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои најмногу, 46 мандати, следува ВМРО-ДПМНЕ со 44, ДУИ со 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива - 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.

####



Спонзорирани линкови

Маркетинг